ТИЕ ДОАЃААТ! ДАЛИ НА ЗАПАДОТ МУ СЕ ЗАКАНУВА ОПАСНОСТ?

12 јуни, 20200
amerika 2

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјавил дека “Запад не може да го занемари” ниту воениот, ниту економскиот раст на Кина и признал дека светот се соочува со промена на глобалната рамнотежа на сили.

Тој изјавил дека Пекинг му се доближува на Западот на повеќе начини: низ сајбер просторот, телекомуникациите, критичната инфраструктура и истражувањата на Арктикот.

Не можеме да ги занемариме последиците на растот на Кина. Кина наскоро ќе има најголема светска економија. Тие веќе имаат втор најголем буџет за одбрана- предупредил тој.

Шефот на западната воена алијанса рекол дека е важно Британија да ја преиспита улогата на кинескиот технолошки гигант Huawei во својата 5Г мрежа за да може да ја гарантира неговата безбедност.

Британскиот премиер Борис Џонсон бил остро критикуван заради одлуката да му се дозволи на Huawei да помогне при изградбата на британската 5Г мрежа.

Прашана за коментарите на Столтенберг, портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи Ху Чунинг изјавила дека Кина не претставува закана за ниту една земја и дека се надева дека НАТО рационално ќе гледа на развојот на Кина.

Столтенберг забележал дека Пекинг вложува многу во модерните воени капацитети и додал 80 бродови во својата морнарица во последните пет години, што е еднакво на вкупниот број на бродови кои и припаѓаат на британската Кралска морнарица.

“Кина станува се поважна и поголема воена сила и тоа мораме да го решиме”, рекол додавајќи дека НАТО мора да се осигура дека ќе остане “голема сила во иднина”, бидејќи се соочува со”промена на глобалната рамнотежа на силите”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *