Трамп ќе присуствува на лансирањето на првата ракета Space X со човечки екипаж!

24 мај, 2020
ракети

Претседателот на САД Доналд Трамп ќе присуствува на лансирањето на астронаути на НАСА во ракета од компанијата SpaceX кое ќе биде од Флорида на 27 мај. Ова ќе биде првиот лет од САД со човечки екипаж од 2011 година.

Лансирањето е планирано да се случи во среда попладне по локално време од вселенскиот центар Кенеди. Ракетата “Falkon 9” на својот врв ќе ја носи капсулата Crew Dragon, која во изминатите децении е развиена за потребите на НАСА.

Астронаутите Даг Харли и Боб Бенкен на Меѓународната вселенска станица ќе пристигнат 19 часа по лансирањето и таму ќе останат повеќе месеци.

Тоа ќе биде прв пат американски астронаути да ја напуштат Земјата по повлекувањето на спејс шатлите во 2011 година, а по триесет годишна служба.

Оттогаш само Русите можеле да праќаат луѓе на Меѓународната вселенска станица, па десетици американци и астронаути од други земји летале со ракети на Сојузот од казахстанскиот космодром Бајконур.