Трамп: Ние нема да ја затвориме земјата во случај на втор бран на корона вирусот!

22 мај, 20200
Naslovna

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во четвртокот дека во случај на втор бран на пандемија на корона вирус, тој нема да се обиде да воведе карантин и да ја затвори земјата.

„Имаме намера да го ‘гаснеме пожарот’, нема да ја затвориме земјата“, рече Трамп, осврнувајќи се на можниот втор бран на пандемијата за време на посетата на фабриката „Форд“ во Мичиген.

Изјавата доаѓа во исто време кога се олеснија рестриктивните мерки преземени од 50 американски држави, вклучително и оние со републиканско раководство,кои  вршат притисок земјата да започне со нормално функционирање во најкраток можен рок, додека оние со демократско раководство бараат поголема претпазливост во намалувањето на ограничувањата.

Официјалните лица за јавно здравје предупредуваат за опасноста дека олеснувањето на мерките толку брзо може да доведе до втор бран на вирусот во есен и зима.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *