Трамп остро и се закани на Кина!

22 мај, 20200
Naslovna

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани  дека Соединетите држави ќе „реагираат силно“ доколку Кина го спроведе планот за воведување нов закон за национална безбедност во Хонг Конг.

Трамп ја даде изјавата неколку часа откако неименуван кинески функционер објави усвојување на закон за Хонг Конг како одговор на минатогодишните, честопати насилни демонстрации и најтешките немири од враќањето на Хонг Конг под суверенитет на Кина во 1997 година.

Официјалниот функционер рече дека законот ќе забрани отцепување, мешање во странство, тероризам и сите други сепаратистички активности, насочени кон соборување на централната власт и мешање на странците во внатрешните работи на поранешната Британска колонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi