Уште едно убиство во САД: Полицаец испукал пет куршуми во ненаоружан демонстрант

5 јуни, 2020
imageedit_127_8952274188

Протестантот од Валејo, Калифорнија, Шон Монтероса, кој имал 22 години настрадал ноќта помеѓу понеделник и вторник кога полицаец од неговиот автомобил испукал пет куршуми во него.

Тој клечел на земја и бил ненаоружан, a рацете му биле кренати во воздух.

Полицијата сѐ до конференцијата за медиумите во средата не открила дека младиот човек бил убиен, ниту пак кои биле околностите за неговата смрт.

Шефот на полицијата, Шони Вилијамс вчера изјавил дека на полицаецот му се причинило дека од џебот Шон вади пиштол, и почнал да пука заради „претпоставена опасност“.

Подоцна е утврдено дека „оружјето“ во џебот било 20 сантиметри долг чекан.

Полицаецот кој пукал, ветеран со 18 годишен работен стаж, бил пратен на административно отсуство.

Убиството се случило ноќта кога во Валејo, како и во останатите делови на Америка беснееле протести, некои од нив со вандализам и насилство.