Видео од кое ќе ве заболи срцето: Полицијата во Флорида УАПСИ ОСУМ ГОДИШНО ДЕТЕ

13 август, 20200
djecak-840x530

Деновиве беше објавено видео од 2018 година на кое се гледа како полицијата во Флорида уапси осумгодишно момче кое наводно удрило учител.

На снимките, гледаме полицајците му ставаат лисици намомчето кое тивко плаче. Во еден момент ги слушаме како велат дека неговите зглобови се премногу мали за лисиците.

МАЈКАТА ПОДНЕЛА ТУЖБА

Видеото е снимено од опремата што американските полицајци ја носат стандардно, а објавено е од адвокат што ја претставува мајката на момчето, Бјанка Н. Диегенаро, пишува Си-Ен-Ен.

Таа во вторникот поднесе тужба, во која се тврди дека полицајците употребиле прекумерна сила, дека училиштето не интервенира и дека Градот и училишната област го прекршиле Законот за попреченост. Момчето, всушност, има АДХД.

ГО ОДНЕЛЕ ВО ЗАТВОР, МУ ЗЕМАЛЕ ОТПЕЧАТОЦИ

Полицијата од Ки Вест одби да ги коментира наводите, но рече дека нивните службеници не сториле ништо лошо и го следеле протоколот.

Мајката напоменува дека момчето е уапсено, одведено во затвор, земени се отпечатоци од прсти и ДНК и тој е фотографиран. Таа се бореше на суд девет месеци, сè додека конечно не беа отфрлени обвиненијата против момчето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi