Во Европа се разболеле 230 деца од новиот воспалителен синдром

16 мај, 2020
деца

Женева – Околу 230 деца во Европа досега се заразиле со нов воспалителен синдром поврзан со КОВИД-19, а две деца починале, соопшти Европскиот центар за контрола и спречување на болести.

Едно дете починало во Велика Британија, а друго во Франција како резултат на болеста, пренесува Ројтерс.

Светската здравствена организација вчера објави дека необјаснивиот синдром на повеќе воспаленија кои влијаат врз децата мора да се испита итно и многу внимателно.

Симптоми на воспалителниот синдром се треска, стомачни потешкотии, осип, проблеми со срцето.

Според прелиминарната дефиниција на СЗО, синдромот е почест за време на тековната пандемија, но се јавува и кај деца кои не се позитивни за КОВИД-19.

„Засега, многу малку знаеме за овој воспалиелен синдром“, рече епидемиологот на СЗО, Марија ван Керкове.