ВО МОНГОЛИЈА СЕ ПОЈАВИ БОЛЕСТ ПОКРАЈ КОЈА КОРОНАТА ИЗГЛЕДА СМЕШНА: Што згрешивме за да имаме ваква 2020-та?!

4 јули, 2020
uzas

Монголските власти воведоа карантин во градот Ковд и околината, откако се појави чума во земјаta.

Две лица во тој град се тестирале позитивни за бубонска чума. Според монголските епидемиолози, тие се заразиле со јадење месо од мрмот. Монголските медиуми објавија дека станува збор за 27-годишен маж и помлада жена од непозната возраст.

Епидемиолозите најавија дека ги следат контактите на две заразени лица со 146 лица со кои биле во директен контакт и уште 504 со кои биле во индиректен контакт, пренесува Спутник од РТ.

Нивните примероци во моментов се анализираат за да се утврди дали ја имаат чумата. Патем, во околината на овој град на западниот дел на Монголија, чумата избувна и минатата година, поради што Русија ја затвори границата со Монголија.

Појавата на чума во Монголија е поврзана со употреба на мрмотско месо, а досега се регистрирани две жртви на оваа инфекција во таа земја.