Во оваа земја пола нација живее со помалку од 3 долари дневно. Инфлацијата достигна дури 800 посто!

18 јуни, 20200
kriza

Според сегашните податоци, годишната инфлација во Зимбабве се зголеми на 785,55 проценти во мај 2020 година.

Зимбабве, или официјално Република Зимбабве, се наоѓа покрај реката Замбези и е класифицирана како источноафриканска земја. Економскиот пад се случи по реформите на Роберт Мугабе, 2000/2001 година.

Потоа тој им ги одзел имотите на белците и им ги дал на црнците кои го сочинуваат мнозинството, што доведе до пад на производството од 50 проценти во наредните девет години. Исто така, имаше дефицит во буџетот, заради вмешаност во војната во Конго и лошите социјалистички реформи.

Покрај тоа, добар дел од населението емигрираше како резултат на високите стапки на сиромаштија, намалувајќи ја даночната основа, додека јавните расходи продолжија да растат. Затоа, владата прибегна кон монетирање на фискалниот дефицит, што доведе до катастрофална инфлација.

Стапката на сиромаштија во Зимбабве беше најлоша во периодот од 2000 до 2008 година и особено е зачудувачки што скоро 50 проценти од населението живее на помалку од 3 долари на ден.

Според сегашните податоци, годишната инфлација во Зимбабве се зголеми на 785,55 проценти во мај 2020 година, објави Националната агенција за статистика на Зимбабве. Во април, тоа беше 765,57 проценти.

Месечната стапка на инфлација во мај беше 15,13%, а во април 17,64%.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *