Воспоставен е „ВОЕН РЕЖИМ“ Повеќе од 8000 луѓе во карантин!

17 мај, 20200
кина

Повеќе од 8000 луѓе во градот Шулан во северо-источната провинција Џилин се наоѓаат во карантин, откако корона вирусот започна повторно да се појавува, кога земјата почна со повторното отворање овој месец.

Минатата недела во Шулан беше воспоставен „воен режим“, а здравствените работници и инспекциските екипи беа испратени во таа област, пренесува CNN.

Денес во Кина се потврдени шест нови случаи на коронавирус.

Тројца новозаразени се од контакт со семејството, а сите се од Џилин.

Во Кина изминатиот месец не се пријавени смртни случаи на коронавирус, едниствено само Џилин ретроактивно пријави една смрт.

Бројот на жртви на корона вирус во Кина е 4.634, а бројот на заразени лица е 82.947.

Само 86 лица се останати во болниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *