Комбинацијата на чиста морска сол и вода како дел од редовната диетална рутина може да го обнови нашето тело благодарение на минералите во овој пијалок со голема хранлива вредност.
Поволностите на водата со лимон или јаболков оцет се широко познати. Наместо тие два пијалаци, се повеќе луѓе неодамна се свртија кон нов пијалок – солена вода, пренесуваат медиумите.
Комбинацијата на чиста морска сол и вода како дел од редовната диетална рутина може да го обнови нашето тело благодарение на минералите во овој пијалок со голема хранлива вредност.
Измешајте 3 дл вода со мал прстофат сол и пијте ја со појадок или во текот на денот, а подолу прочитајте кои се придобивките од солената вода.
1. Правилна хидратација
Познато е дека е можно да се испие и премногу вода, а во тој случај има недостаток на натриум во организмот, што доведува до хипонатремија. Во исто време, тоа му помага на телото да апсорбира вода и ја одржува рамнотежата на натриумот во телото.
2. Детоксикација
Солената вода содржи минерали кои помагаат при природна детоксикација на организмот и елиминација на штетни токсини, а има и антибактериски својства и ги исфрла бактериите од телото.
3. Варење
Солта ги активира жлездите во устата, кои потоа ослободуваат протеин кој помага при правилно разградување на храната и со тоа значително го олеснува процесот на варење. Со овој пијалок, надуеноста ќе стане само минато.
4. Сон
За оние кои страдаат од несоница, солената вода може да стане решение за непријатните проблеми. Природните минерали во солта го смируваат организмот и нервниот систем и ја намалуваат количината на кортизол во организмот, т.н. стрес хормон кој често нѐ спречува да спиеме.
5. Кожа
Сите сакаме да имаме здрава и убава кожа, а во тоа ни помагаат и минералите што ги наоѓаме во солта. Тие ги намалуваат акните, осипите, егземата и ја одржуваат кожата мазна и чиста. Повеќето луѓе можат да потврдат од прва рака дека морската вода има одличен ефект врз кожата, а чаша солена вода може да помогне во обновување на кожата одвнатре.