10 соби, фонтана, куќа за гости, 12 купатила: Џеј Ло и нејзиниот свршеник купија вила од 40 милиони долари

14 август, 20200
Annotation 2020-08-14 190907

Латино дивата и згодниот бејзбол играч купија нов имот на остров во Мајами

Латино дивата и американска пејачка Џенифер Лопез (51) и нејзиниот вереник Алекс Родригез (45) купија луксузна вила на Островот Стар во Мајами за 40 милиони долари, јавуваат странските медиуми.

Среќната двојка купи палата со базен без раб и винска соба, во која има 12 купатила и луксузна куќа за гости. Тие наскоро ќе станат соседи на многу познати холивудски sвезди и милионери.

Луксузната куќа има 86 ари земја и 10 спални соби, се просега на 3.716 метри квадратни и има прекрасен поглед на Мајами.

Внатрешноста на домот е исполнета со луксузни лустери и скап мебел, а винската соба е обложена со дрво, додека прозорците се протегаат од подот до таванот.

Во дневната соба има голем камин, а Џенифер има посебна просторија што ја претвори во гардероба и просторија за шминка. Куќата располага и со специјална бања со парен туш, како и огромна када за релаксација.

Покрај базенот кој нема раб, во дворот има џакузи, фонтана, шанк со барски столици, убаво украсени маси и удобни столчиња со поглед на океанот.

Потсетуваме, славната двојка се вери минатата година на плажа, а свадбата беше планирана за почетокот на оваа година, но поради пандемијата на Ковид-19, таа беше одложена за понатаму.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi