10-те најдобри филмови на Анџелина Џоли

9 јуни, 20200
World Premiere Of Disney's “Maleficent: Mistress Of Evil" - Red Carpet

Иако убавата Анџелина никогаш нема да се смета за една од најдобрите актерки на нашето време, сигурно е дека таа ќе се смета за една од најпознатите актерки, не само на нашата ера, туку и секогаш!

Анџелина Џоли потекнува од актерско семејство, нејзините родители, американските актери Џон Војт и Марчелин Бертранд, се секако заслужни за иницирање на актерски аспирации кај нивната ќерка.
Иако, Анџелина тврди дека нејзиниот татко – кој е значително попознат во филмската индустрија, не е баш заслужен за фактот дека како дете се заинтересирала за овој вид уметност, туку нејзината мајка, која се откажала од глума, за да се посвети на децата и семејството, и со која Анџелина, се заљубила во седмата уметност, гледајќи бројни филмски достигнувања.

Првата значајна улога, а во исто време и водечка што ја играше Џоли, беше таа од 1995 година, кога актерката имаше 20 години -во филмот „Hackers“.

Благодарение на оваа улога, јавноста брзо се заинтересира за младата убавица.

После три години, Анџелина се здоби со дополнителен публицитет, благодарение на улогата во биографскиот филм „Gia“, а следната година нејзиниот талент го забележа Академијата, па за споредната улога во „Girl, Interrupted“, во 1999 година, актерката освои Оскар.

Некои сметаат дека брзиот растот на Џоли во Холивуд, и огромниот интерес на медиумите за нејзиниот љубовен живот (кој беше прилично турбуленет) е она што ја спречи Анџелина во понатамошното успешно продолжување на нејзината кариера, која значително падна во сенка по овој Оскар.

Исто така, постои теорија за фактот дека овие три гореспоменати улоги најдобро го одразувале нејзиниот тогаш див и неограничен карактер, што е и причината зошто тие улоги и „легнале“ многу повеќе од оние подоцна.

Без оглед дали теоријата е вистина, фактот дека Анџелина Џоли е талентирана актерка и подоцна во нејзината кариера се покажа како врвна режисерка не може да се побие, додека благодарение на нејзината неуморна хуманитарна работа, безвременска убавина и харизма, таа важи за една од највлијателните и најмоќните жени во индустријата за шоу-бизниси досега!

10. Mr. & Mrs. Smith

9. Maleficent

8. Taking Lives

7. The Bone Collector

6. Playing by Heart

5. Hackers

4. Gone in Sixty Seconds

3. Gia

2. Lara Croft: Tomb Raider

1.Girl, Interrupted

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi