12 филмови за расна дискриминација и расизмот

7 јуни, 20200
tan2020-6-31810566820-830x0

САД веќе со денови горат поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, која повторно и бурно ја покрена темата за полициската бруталност, системскиот расизам, расното профилирање и чувствата со кои живеат оние со друга боја на кожа во најслободната земја на светот.

Останатиод дел од светот солидаризира со нив, но прашањето е колку навистина разбира што се случува. Да ја запознаете и да ја разберете оваа политика, особено кога не ви е пред врата и кога од неа не патите, може да биде долг процес. Еден од процесите ова да се разбере и критички да се оцени е преку гледање на филмови.

Сликите и приказните имаат голема моќ да ја обликуваат нашата свест и неретко се покажало дека седмата уметност е голема сила.

Ова се некои од најмоќните филмови кои се занимаваат со расната дискриминација во САД, иако нивните силни пораки може да се применат насекаде.

Queen & Slim, 2019

Филмот кој излезе пред само половина година може да се поврзе со трагедијата на Џорџ Флојд, не поради главниот заплет, туку по една споредна епизода која во него не е ни прикажана. Белиот полицаец кој е убиен пред година дена убил црнец кој го водел своето дете на училиште. Главните улоги во филмот, момче и девојка кои на првиот состанок убиваат полицаец во самоодбрана бегаат низ земјата, свесни дека за нив правда нема. Иако филмот е најавен како „Бони и Клајд“, за движењето Black Lives Matter, тој не е тоа. Бони и Клајс биле криминалци кои бегаат од законот, додека Квин и Слим го преиспитуваат тој закон според кој невините луѓе се третираат како криминалци.

Just Mercy, 2019

Мајкл Б. Џордан во овој филм игра адвокат и активист за човекови права. Неговиот клиент е суден на смрттна казна, без никакви докази, само поради тоа што „изгледал крив“. Пораката во филмот е повеќе од вознемирувачка – некогаш бојата на кожата е доволно голем злочин да умрете поради неа.

Black and Scottish, 2019

Расизмот не е само американска работа. Како изгледа растењето во Шкотска ако сте со друга боја на кожа е претставено во овој BBC документарец. Во него се појавуваат водители, музичари и глумци кои денес се малку важен дел од шкотската култура. Се испоставило дека многу од нив мислеле дека се единствените црни луѓе на светот.

When They See Us, 2019

Мини серијата на познатата режисерка Ава Диварнеј се занимава со вистинит случај, кој во светот е познат под иметот Central Park 5. Станува збор за судењето на 5 Афроамериканци кои се лажно обвинето за сексуално злоставување на бела жена. Без ДНК докази групата отслужила од 6 до 13 години затвор за дело кое не го направиле.

The Hate U Give, 2018

Екранизацијата на тинејџ романот на Енџи Томас ја прати Стар, девојка која го блансира животот помеѓу сиромашниот црнечки крај од кој потекнува нејзиното семејство и богатиот школски живот на блеците. Кога Стар со свои очи ќе види како нејзин пријател од детството е убиен од страна на полицијата додека вади чешел за коса, нејзниот свет се превртува наопаку. Афроамериканците од нејзиниот крај излегуваат на протести на улиците, додека богатите бели пријатели на Стар и нејзиното момче се обидуват да ја сфатат шозадината на системот во кој уживаат многубројни привилегии.

Did You Wonder Who Fired the Gun?, 2018

Травис Вилкерсон е бел режисер кој во овој документарец го преиспитува расното минато на својата фамилија. Неговиот прадедо во 1964 година бил убиен бидејќи бил црн, поради што Вилкерсон заминува во малото родно место во Алабама да се обиде да дознае што се случило.

Низ интервјуата, фотографиите, музиката и исповедите се открива приказна но и Вилкерсоновиот јад и патење додека се обидува да се помири со историјата на „белата надмоќ“ која истовремено е негова лична и семејна историја.

If Beale Street Could Talk, 2018

Филмот е сметен во Харлем во 1970-тите и е безвремена љубовна приказна за нераскинливата врска на еден пар и блискоста на афроамериканските семејства, раскажана од тогаш 19 годишната Тиш Риверс. Како ќерка и идна сопруга, Тиш се сеќава на довербата и почитта кои ги споила со нејзиниот вереник Алонзо Хант, уметник познат по прекарот Фони. Тие сонувале за заедничка иднина, но нивните планови се одложуваат бидејќи Фони е уапсен за дело кое не го направил.

I Am Not Your Negro, 2016

Во 1979 година, Џејмс Волдвин, американски писател и активист, напишал писмо до својот издавачки агент опишувајќи го следниот свој проект “Remember This House”. Книгата требало да биде револуционерно лично животно искуство за убиството на тројца негови блиски пријатели, Медгар Едвардс, Малком Х и Мартин Лутер Кинг Јуниор. Филмот е патување низ историјата на црнците, кој го поврзува минатото на Движењето за човекови права со сегашното движење Black Lives Matter.

13th, 2016

Ава Диварнеј на овој докумнетарец му го дала името “13”, алудирајќи на 13-тиот амандман со кој во САД е укинато ропство. Во него таа се занимава со судбините на афроамериканските затвореници во затворите шурум земјата и изнесува аргументи дека ропството во земјата на демократија само има сменето облик, а масовно ставање на Афроамериканците позади решетки продолжува.

Selma, 2014

Во градот Селма, Алабама, во 1965 година претставници на афроамериканската заедница маршираат во потрага на своите права, раме до раме со Мартин Лутер Кинг. Полицијата ги напаѓа, користејќи против нив покрај актуелните закони, палки и физичка сила. Случувањата претставени во „Selma„ кој исто така е режиран од Ава Диварнеј во историјаата денес се познати како „Маршот до Монтгомери“, Во прашање биле три марша од Селма до Монтгомери, кои во 1965 година довеле до усвојување на Законот за право на глас, значаен успех на Афроамеринаскиот проект за граѓански права.

12 Years a Slave, 2013

Филмот „12 Years a Slave“ е базиран е на неверојатна, вистинита приказна за еден човек и неговата борба за слобода и опстанок. Соочувајќи се со суровото робовладетелско општество, но и неочекувана љубезност Соломон се обидува не само да остане жив, туку и да го врати своето достоинство. Неговата одисеја траела цели 12 години, а еден настан го променил текот на неговиот живот, средба со канадски аболиционер.

Injustice, 2001

Објавен во 2001 година, овој документарец, за жал станал релевантен по 19 години. Тој говори за семејствата на кои им умреле блиски по нивното апсење. Се она што останало помеѓу нив и саканите кои ги изгубиле е ѕид на тајни, бирократија и лаги.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *