30 закони на кармата: Сè што се случува во вашиот живот зависи од ова!

15 август, 20200
222465_shutterstock-644263450_ls

Сите ние го знаеме најпознатиот закон за кармата – не го правeтe на другите она што не би сакале да ти го прават тебе. Исто така, постои добро познат закон: Како што сееш, така и жнееш. И многупати сме слушнале дека и позитивната и негативната енергија што ја испраќаме ќе ни се врати како бумеранг. Денес ви презентираме 30 помалку познати закони за карма. Можеби не сте чуле за нив, но кога ќе ги прочитате, ќе сфаќате дека тие работат и дека сите ги чувствуваме.

1. Вистинската радост доаѓа само како резултат на напор, работа, трпеливост и жртвување.

2. Слободата доаѓа заедно со одговорноста.

3. Енергијата и љубовта што ги вложувате во врската, сигурно ќе ви се вратат. Можеби не преку личноста што ја сакаш, но Универзумот ќе најде начини да ти ги врати.

4. Она што го давате на друга личност, вие всушност му го давате на целото човештво.

5. Она што го вложувате во својата работа, го вложувате и во човештвото.

6. Вредноста на вашата работа лежи во енергијата и подготвеноста да работите за тоа.

7. Ќе страдате додека не ја научите лекцијата што треба да ја научите, тогаш ќе имате алатки во ваши раце за да го скршите циклусот на страдање.

8. Живеејќи во минатото или иднината, ни недостасува сегашноста.

9. Придржувајќи се на старите навики и начини на размислување, го спречуваме личниот развој.

10. Учиме лекција кога нашите зборови, мисли и активности се усогласуваат со неа.

11. Нашата личност ќе згасне и ќе се удави во негативност ако заборавиме да се фокусираме на моралот и духовноста.

12. Алчноста и мирот не можат да преживеат заедно.

13. Малите дела се силно рефлектирани во Универзумот. Бидете свесни за секоја од вашите постапки, без оглед колку и да изгледаат незначителни.

14. За да постигнете нешто големо и значајно, прво мора да постигнете нешто мало …

15. Ништо нема да заврши, пред да преземете акција. Без разлика колку е мал првиот чекор, тој секогаш е најважен.

16. Вашата љубов, енергија, напорна работа и инспирација носат нешто убаво на целиот свет, без оглед колку и да мислите поинаку. И универзумот ќе ве награди за тоа.

17. За да растете и да напредувате, мора да бидете подготвени за промени.

18. Научете од вашето минато и дајте се од себе во сегашноста. Ова е единствениот клуч за светла иднина.

19. Само вие сте одговорни за лична среќа. Никој друг.

20. Сите сме дел од нашето опкружување. Нашата енергија има силно влијание врз пријателите и партнерите, семејството … без разлика дали е позитивна или негативна.

21. На крајот, секогаш стануваме она што го криеме во себе.

22. Кога се среќаваме со непријателот, не смееме да го менуваме нашето однесување и да ги заборавиме законите за кармата.

23. Кога се среќаваме со некој „полош“ од нас, не смееме да заборавиме на личните недостатоци.

24. Она што одбивате да го прифатите, мора да се развие и да стане поинтензивно, повеќе да влијае на вашиот живот.

25. Вашата награда е пропорционална со вашите напори.

26. Промената доаѓа одвнатре. не смееме да се потпираме на другите луѓе да променат нешто во нас. Само ние ја имаме таа моќ.

27. Не можеме да ги смениме други луѓе. Можеме само ние да се промениме.

28. Надворешните промени започнуваат со внатрешните.

29. Ако се предадете себеси, ја губите можноста да живеете вистински живот.

30. Промените што сакаме да ги видиме во светот, прво мора да ги промениме во нашата земја. Тоа можеме да го постигнеме со зборови, мисли и дела.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi