5 бизарни обичаи на дивиот свет за кои не сме знаеле дека постојат!

1 мај, 20200
племе

На светот постојат многу бизарни обичаи за кои малку знаеме. Еве пет од нив кои се запрепастувачки:

Во Бразил и Венецуела си ги јадат најблиските кога ќе починат

Бразилското и венецуелско племе Јонамамо е познато по тоа што по смртта на член од семејството припадниците на ова племе “уживаат” во гозба. Но она што го јадат е навистина одвратно. Според нивните верувања, телото на починатиот не смее да остане во истата форма како што било додека било живо, па го спалуваат. А потоа се хранат со пепелта. Причината за тоа е верувањето дека починатите никогаш не треба да бидат заборавени.

Бичување во исламските земји и во Индија

Иако сме противници на самоповредувањето, на светот постојат племиња кои го практикуваат тоа. Такво е почесното бичување за време на оплакувањето на Муарем, внукот на Мухамед кој загинал заедно со 72 војници во битката кај Карбала. Во таа чест, еднаш годишно мажите се бичуваат со ланци по грбот.

На Мадагаскар се танцува со умрените

Иако се случува сè поретко, племето Малагаси на Мадагаскар има една морбидна традиција. Секои седум години ги вадат најблиските од гробовите и ги мотаат во свежи крпи со бела боја. Со помош на музика, тие танцуваат со телата околу гробовите. Оваа традиција полека изумира.

Премин од момчиња во возрасни мажи во Бразил

Во племето Сатара Маве едно дете, член на племето, за да стане маж треба да се подложи на ритуалот на иницијација. Ритуалот е болен, а се состои од пикање на рацете во кошара со мравки чии убоди се ужасно болни. Убодот на овие мравки е на петто место по болка во светот која ја предизвикуваат животни.

Забрането користење на тоалет три дена по венчавката во Индонезија

Традицијата на индонезиското племе Тидонг вели дека младенците не смеат да отидат во тоалет три дена по венчавката. Се верува дека на овој начин се гарантира среќен брак. Младенците се чувани од членовите на семејството кои им даваат минимални количини на храна се до моментот кога ќе можат да одат по нужда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi