5 Правила за донесување подобри одлуки

4 јуни, 20200
geraltPixa

Во зависност од актуелните приоритети и цели секој од нас носи одредени одлуки, но разочарувањето по носењето на истите е нешто природно кај секој човек.

За да не дојде до тоа, треба да бидеме свесни за своите постапки и да учите од сопствените грешки.

На темата донесување одлуки има бројни психолошки книги, а еден од авторите чија книга на оваа тема помина во јавноста многу успешно е Марк Менсон, кој во својата книга споделува интересни совети.

Размислувајте за вредностите

При носењето на одлуки, најчесто ги гледаме краткорочните последици и се плашиме од неуспех. Сите одлуки и цели имаат одредена вредност, без разлика дали се работи за емотивни, финансиски, социјални или други одлуки, и поради тоа мора да бидеме свесни кои од нив ни се најважни. Обично победуваат емотивните вредности, кои знаат да ни ги замаглат долгорочните цели и фокусот ни останува краткотраен. Треба да размислиме за последиците кои ќе дојдат покасно, а да не бидеме пристрасни пред она што не очекува. Дури и краткотрајните неуспеси не мораат да бидат нужно зло за нас.

Некогаш намерно изгубете

Сигурно сте слушнале дека многу успешни луѓе започнале со одбивања и лоши искуства и тоа довело до градењето на нивниот успех, со упорност и не откажување. Тој пример треба да го следните во смисла дека секој моментален неуспех не е крај на светот, туку прилика за учење и дека понекогаш се исплати да се ризикува кога влогот е мал за да ги сфатите правилата на играта. Тоа ќе ви донесе подобар увид во она што ве очекува кога влогот ќе биде поголем и ќе бидете спремни да се носите со се она што животот ќе донесе пред вас.

Изберете пак со најмалку каење

Скоро секогаш размислуваме дали ќе се каеме ако во нешто не успееме, но дали и ќе се каеме ако воопшто не пробаме. Доколку се користи на правилен начин оваа способност може да биде многу корисна во донесувањето одлуки, бидејќи многу луѓе така се одлучиле на чекори кои се испоставиле дека се одлични. Затоа следниот пат кога ќе се прашувате дали да направите нешто, немојте одлуката да ја донесувате на основа на задоволствата и успехот, туку на основа на предвиденото каење.

Земете хартија и молив

Понекогаш е потребно да се стават на хартија позитивните и негативните работи во однос на нештата и тоа е само почеток на дилемата за донесувањето одлука. При носењето на одлуки издвојте ги двете колони за краткорчни и долгорочни, а потоа запишете ја и веројатноста на успехот по своја проценка. Често некои скриени мотиви може да ви дадат нова перспектива и полесна одлука.

Кој чувствата однесувајте се како кон куче

Однесувањата на кучето, покрај расата, најчесто зависи од тоа кој им е сопственик и како е дресирано. Од ова може да повлечете паралела со чувствата, бидејќи нашата поврзаност со кучињата е воглавно чиста емоција. Ги сакаме и се обидуваме да бидеме најдобри према нив, но некогаш ни е невозможно да им кажеме не. Она што треба да го направиме е да емоциите ги гледаме како кучето чија желба некогаш ја исполнуваме, а некогаш не во зависност од ситуацијата. Исто така треба да го истренираме нашиот мозок да знае што смее, а што не смее да бара од нас, па со тоа некогаш да биде награден, а некогаш казнет. Тоа не е толку едноставно да се изведе, но ништо не не спречува да се обидеме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *