52-годишниот добитник на Оскар е обвинет за двојно сексуално силување

22 август, 20200
cuba-gooding-jr

Познатиот американски актер Куба Гудинг Џуниор се соочи со нови обвиненија за сексуална злоупотреба.

52-годишниот добитник на Оскар е обвинет за силување жена двапати во 2013 година.

Неидентификувана жена изјавила дека инцидентот се случил во хотелската соба на Гудинг во Њу Јујорк, откако го запознала актерот.

Ја поканил во хотелот „The Mercer Hotel“, каде престојувал, по што ја замолил да отидат во неговата соба за да се преслече.

Жената инсистираше да ја напушти собата, кога тој почна да се соблекува. Актерот, наводно, ја блокирал вратата, ја турнал во креветот и ја силувал.

Адвокатот на Гудинг, Марк Џеј Хелер, ги негираше обвинувањата против неговиот клиент.

Гудинг, кој освои Оскар за неговата споредна улога во филмот „Џери Мегвајер“, веќе се соочува со шест точки од обвинението за сексуална злоупотреба и присилно допирање.

Тој се изјасни дека не е виновен по обвиненијата дека во 2019 година сексуално малтретирал три различни жени во клубовите во Њу Јорк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi