7 најчудни работи што луѓето ги купуваа за време на пандемијата: Каде ни беше умот?

13 август, 20200
Annotation 2020-08-12 225405

Нема сомнение дека пандемијата на корона вирусот драстично ги промени нашите животни навики

Бидејќи за прв пат во нашите животи најголемиот дел од времето го поминавме дома, да не речам заклучени во четири ѕида – секакви глупости ни паднаа на памет.

За да се одржи каков – таков нормален изглед, најмногу купувавме бои за коса, машинки за шишање и спортска опрема.

Но, не се очигледни сите трендови на потрошувачка за време на пандемијата. Благодарение на комбинацијата на страв и здодевност, овие седум неочекувани производи беа најмногу купувани:

1. Ролерки                                          

Откако се случи „заклучувањето“, т.е. карантинот – луѓето бараа начини да се опуштат моментот кога им беше дозволено да излезат надвор. Гугл забележа голема побарувачка за ролерки, кои скоро и ги немше на залиха до мај.

2. Електрични тротинети

За да се избегне градскиот превоз, луѓето најмногу купувале електрични тротинети со надеж дека ќе си ја обезбедат препорачаната социјална дистанца.

3. Огнено оружје

ФБИ заклучи дека луѓето купувале големи количини огнено оружје за време на пандемијата. Ова се припишува на чувство на контрола врз ситуацијата.

4. Квасец

За да ги избегнат продавниците, луѓето најчесто купуваа намирници во големи количини. Квасецот е еден од нив. За време на пандемијата, сите меселе домашен леб.

5. Биде

Од непозната причина, за време на пандемијата имаше недостаток на тоалетна хартија. Поради сето ова, луѓето најчесто поставуваа бидеа во нивните купатила. Фабриките и занаетчиите за нивно производство и инсталација процветаа.

6. Дуксери

Гугл забележа раст на продажбата на дуксери за дури 80% во однос на март минатата година. Сите решија да се релаксираат во удобна гардероба.

7. Миризливи свеќи

Кој не сака да го разубави животниот простор, особено ако постојано е дома?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi