9 прекрасни градови снимени од воздух

3 мај, 20200
град

Во минатото под добро планирање на градот се сметало кога тој е планиран за подобра одбрана од непријателот, а во денешно време архитектите размислуваат како да се одвива непречено сообраќајот, или пак како складно да се вклопат зелените површини во секојдневниот живот.

Денес, урбанистичките ремек-дела најдобро можат да се видат од воздух. Погледнете кои градови биле пред своето време.

Бразилија, Бразил

Бразилија е еден од најпознатите планирани градови во светот. Од вселената делува како птица или авион. Потребни биле 41 месец за да се изгради, а големото отворање било во 1969 година.

Канбера, Австралија

Кон крајот на 19 век се размислувало кој град во Австралија ќе ја има главната улога- Сиднеј или Мелбурн. Се донела одлука меѓу нив да се изгради град кој ќе ги поврзува. Американскиот архитект, Волтер Барли Грифин кој бил проектант, изјавил дека осмислил град каков што светот никогаш не видел.

Палма Нова, Италија

Еден од најубавите примери на ренесансната архитектура, сместен во северниот дел на Италија. Градот-ѕвезда со шест краци,во внатрешноста на ѕидовите има правилна мрежа на еднакво широки улици, без оглед на положбата или намената. Секој дел од градот има своја фунција.

Ел Салвадор, Чиле

Градот е изграден среде ништо. Откако во средината на 20 век е откриена голема количина на бакарна руда во тој дел, рударската компанија Анаконда одлучила да изгради самоодржлив град за сместување на своите работници.

Ла Плата, Аргентина

Ла Плата бил првиот град во Латинска Америка со електрично улично осветлување. Во 1952 година градот е преименуван во Ева Перон, но три години подоцна му е вратено првобитното име.  

Вашингтон, САД

Џорџ Вашингтон го ангажирал францускиот архитект Пјер Чарлс Ленфант за нацрт на градот. Улиците во облик на мрежа се поставени во насока север-југ и исток- запад.

Седиштето на законодавната власт, Капитол, ги спојува Авенијата Пенсилванија со Белата Куќа.

Џаипур, Индија

Градот е изграден според начелата на Васта Шастра, древна индиска наука за домување која го прилагодува законот на природата според просторот за престој за подобро здравје, создавање, благосостојба и среќа. Изграден е во 1727 година, а е граден четири години. Во 1853 година целиот град е обоен во розево за дочек на принцот од Велс, што може да се види и денес.

Аделаид, Австралија

Во Австралија вкупно три градови се однапред испланирани: Мелбурн, Канбера и Аделаид. Аделаид е изграден во вид на мрежа, но она по што се издвојува се големиот број на зелени површини и паркови.

Њу Хевн, Конектикат

Универзитетот Јејл се наоѓа во центарот на Њу Хевн во Конектикат и благодарение на готските кули претставува препознатлив симбол на стогодишен град.

Њу Хевн бил прв американски колонистички град кој се планирал според строга и квадратна мрежа на системот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi