Кендал Џенер повторно „смува“ NBA ѕвезда!

28 мај, 20200
kendal

Една од најплатените манекенки на денешницата и светски позната личност, која се прослави преку ријалити шоуто “Keeping Up With The Kardashians”, Кендал Џенер, повторно е фотографирана со NBA ѕвездата Девин Букер.

Веќе некое време се “шушкаше” дека се во врска, а Кендал ваквите гласини ги “подгреа” откако беа фотографирани заедно на улиците низ Лос Анџелес.

И двајцата носеле очила за сонце и делувале сосема опуштено, додека од скапоцениот Мерцедес на Кендал се слушала гласна музика. Кендал била без шминка и облечена во дневна бела варијанта, со кроп топ и широки панталони.

Близок извор на младата инфлуенсерка открива: Тие се само пријатели сега за сега, но со Кендал никогаш не се знае.

Пред Девин, Кендал беше во врска со Бен Симонс, Џордан Кларксон и Блејк Грифин, а откако беше фотографирана со нивниот четврт колега, нејзините фанови почнаа да делат негативни коментари, на што Кендал им одговори во свој стил. Таа им порача дека нема смисла што луѓето се однесуваат како  да нема целосна контрола над својата вагина и да престанат со тоа.

Инаку, Девин Букер, претходно бил во врска со Џордин Вудс, која пак со години и била најдобра пријателка на Кајли Џенер, помладата сестра на Кендал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi