Адам Сендлер на својата сопруга ѝ ја честита 22 годишнината од нивниот брак на најдобар можен начин

2 август, 2020
adam-sendler-2-830x0

Актерот Адам Сендлер е во брак со Џеки Сандлер веќе 22 години, а по повод нивната годишнина, суперѕвездата на Холивуд јавно ѝ честиташе на својата поубава половина. И тоа на најдобар можен начин.

Имено, Сендлер ги објави своите две заеднички фотографии, како и емотивен статус посветен на неговата сопруга.

-Се радувам на следната 22 годишнина млада дамо. Те сакам, засекогаш моја девојко- напиша актерот

Оваа објава на актерот доби повеќе од 2 милиони допаѓања на социјалните мрежи и воодушеви многумина.

-Вие сте најубавиот пар и многу ве сакам. И вашите девојки- напиша актерката Дру Баримор

Адам и Џеки имаат две деца.

Еве ја и неговата објава: