Адел сподели лоши вести: Фановите разочарани поради оваа нејзина одлука!

27 јуни, 20200
download

Милиони обожаватели со нетрпение го чекаа ноември, кога после петгодишно пауза, една од најпопуларните светски пејачи, 32-годишната Адел, требаше да го објави својот нов албум. Сепак, многу фанови ќе мора да почекаат за новите хитови, бидејќи тоа нема да се случи, пишува Мusic Week.


Лошата вест која разочара многумина за споменатиот медиум ја откри Џонатан Дикинс, менаџерот на славната пејачка, кој неодамна го шокираше светот со драстична трансформација и големото слабеење. „Албумот нема да излезе во ноември, ќе биде готов – кога ќе биде готов. Сите сме во иста ситуација, работевме на нешто, а потоа одеднаш светот запре“ – рече Џонатан, со што индиректно открива дека албумот доцни поради пандемијата на Коронавирусот што го зафати светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *