Афирмација според хороскопските знаци

1 мај, 2020
horoskop 2

Овие афирмации инспирирани од хороскопските знаци можат да бидат вашата храна за душа, мотиватор и компас за полесно пронаоѓање на животните цели.

Овен

Изобилувам со креативна енергија и оригинални идеи кои ги пренесувам со самодоверба.

Знам да ги мотивирам луѓето.

Можам да се потпрам на сопствените инстинкти кои ме водат кон успех.

Бик

Мојата специјаност е помагање на луѓето, а мојата преданост им овозможува на другите да знаат дека секогаш ке ги поддржувам во се.

Близнаци

Јас сум одличен соговорник, а мојата љубопитна природа ги поттикнува луѓето да истражуваат околу себе со детска љубопитност.

Сакам да ризикувам и да пробувам нови работи заради што луѓето ми се воодушевуваат.

Рак

Емпатичен сум и сочувствителен, знам како да ги излечам емотивните повреди кај другите.

Лав

Со силата на сопствените зборови можам да ја зголемам самодовербата кај другите луѓе.

Својата енергија ја користам за да ги расположам другите и тогаш блескам.

Девица

Никогаш не доцнам и секогаш сум подготвена за сите ситуации.

Приметувам ситници и имам моќ на сослушување на другите, што ме прави одличен пријател.

Set illustration with cartoon zodiac signs.Funny characters set for your design in different poses.

Вага

Луѓето уживаат во мое друштво, а со својата дружељубивост ги поттикнувам да бидат активни во општествениот живот.

Секогаш сум подготвена да помогнам.

Шкорпија

Можам да им помогнам на луѓето да откријат што е закопано во нив, па да не ги боли повеќе. Можам да им помогнам на луѓето да ја пронајдат својата страст.

Стрелец

Јас сум мудра личност, а луѓето во мене наоѓаат надеж.

Мојата љубезност може да оплемени многу луѓе, а не само една душа.

Јарец

Се чини дека светот би се распаднал без мене. Ги учам луѓето како да го негуваат пријателството и како да бидат задоволни со својата работа.

Јас сум одговорен лидер.

Водолија

Одважна сум и имам пријателска природа и хумор, кои ги поврзуваат луѓето.

Риби

Јас сакам безусловно и го слушам срцето.

Осетлива сум и дружељубива, а тоа ги истакнува моите неверојатни таленти.