Актерката со најтрагична љубовна приказна во Холивуд го доби своето второ дете

19 јуни, 20200
гхфхфд

Славната холивудската актерка Мишел Вилијамс и нејзиниот партнер Томас Кеил имаат бебе.

Ова е второ дете за 40-годишната актерка, а таа ја доби 15-годишна Матилда од врската со актерот Хит Леџер.

Дека актерката и режисерот Томас Кеил се во врска, почна да се шпекулира кон крајот на 2018 година, за време на снимањето на серијата Fosse/Verdon во која Мишел ја имаше главната улога и Томас беше еден од креаторите.

Пред да станат родители, беше напишано дека парот се венчал во тајност, но досега никој официјално не го потврдил тоа. Според некои извори, токму Матилда е најсреќна поради Мишел и Томас за второто дете во семејството.

Вилијамс зад себе има бурен љубовен живот. Во 2004 година, таа се запозна со Хит Леџер на филмот „Brokeback Mountain“. Во април следната година, се дознало дека парот го очекува своето прво дете, а ќерката Матилда Роуз е родена во октомври.

Двојката одлучи да се раздели по три години љубов, а неколку месеци подоцна, на 22 јануари 2008 година, Хит беше пронајден мртов во неговиот стан во Љујорк.

Во 2018 година, таа се омажи за текстописецот Фил Елверум, но тој брак не траеше ниту една година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *