Актерот прослави две децении љубов со 25 години помладата Кетрин Зета Џонс: Еве која е тајната на нивната среќа

20 ноември, 2020
2151071_2502-epa_ls

Кетрин Зета Џонс и 25-години постарата холивудска легенда Мајкл Даглас вчера ја прославија 20-годишнината од бракот. И многумина сметаа дека нема да траат повеќе од неколку месеци поради големата разлика во возраста.

На 18 ноември 2000 година, во хотелот Плаза во Њујорк се одржа „свадба на годината“, каде Кетрин и Мајкл се заколнаа на вечна љубов. Поминаа низ многу подеми и падови, но имаат и две деца – синот Дилан и ќерката Керис. Кетрин вчера објави на својот Инстаграм по повод нивната годишнина, каде го напиша следново:

“Пред точно 20 години, Мајкл и јас се венчавме !! Колку неверојатна и волшебна ноќ беше тоа. А сега, 7304,85 дена и ноќи подоцна, те сакам како што те сакав тогаш. Ти благодарам за твојата љубов и смеа”. напиша таа.

escort - Korsan taksi