Албумот на Тејлор Свифт ја открива тајната на Блејк и Рајан Рејнолдс

28 јули, 2020
Annotation 2020-07-27 192629

Рајан Рејнолдс потврди за магазинот „People“ дека тој и неговата сопруга Блејк Лајвли ја именувале својата најмлада ќерка, чие име го кријеа од јавноста, Бети.

Оваа славна двојка го откри името на нивната најмлада ќерка на интересен начин. Имено, песната „Бети“ беше објавена на новиот албум на Тејлор Свифт, а во него се споменуваат три имиња: Џејмс, Инез и Бети.

Џејмс и Инез се имињата на нивните две постари ќерки, а во 2019 година добија уште една девојка, чие име досега не е откриено во јавноста.

Рејнолдс сега потврди за “People” дека името на девојчето е Бети.

Не е изненадувачки што Тејлор Свифт и ја посвети песната, со оглед дека пејачката е одличен пријател на оваа актерска двојка.