“Алчни гадови кои јадат лилјаци”: Брајан Адамс прогласен за расист заради порака на социјалните мрежи!

14 мај, 20200
брајан

Канадскиот пејач Брајан Адамс е прогласен за расист откако на социјалните мрежи ги обвинил Кинезите за пандемијата од коронавирус.

“Денес требаше да ја почнам турнејата, но благодарение на е**ните алчни гадови од живите пазари кои јадат лилјаци, цел свет е ставен на чекање, а да не ги спомнувам сите оние кои се разболеа или починаа од коронавирусот”, напишал Адамс на Твитер и Инстаграм.

Адамс ја искористил приликата да промовира и веганска исхрана која и самиот ја практикува веќе подолго време.

“Мојата порака за нив, освен е**но благодарам е- станете вегани!”

Откако неговиот твит собрал многу негативни коментари, истиот е избришан за брзо бреме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *