Алиша Киз: Не требаше да успеам, требаше да завршам како проститутка,зависна од дрога,можеби и мртва!

19 септември, 2020
кис

Алиша Кис(39) во искрен разговор со „Гардијан“ зборуваше за нејзиниот живот и кариера, а нејзините зборови дека може да заврши како проститутка предизвикаа голема бура во јавноста.

– Во времето кога започнав да ја лансирам својата музика во светот, тоа воопшто не беше тренд. Сите радио станици сметаа дека сум 40-годишна џез-пејачка, но всушност имав 19 години, носев опашки и доаѓав од Харлем – изјави Алиша.

Сепак, таа „проби“ во 2001 година изведувајќи ја песната „Фалин“ во шоуто на Опра Винфри.

Се испостави дека песната ја дефинирала неа, нејзината кариера, а истото е и за Алиша – „ништо како никогаш порано, ниту она што беше вчера, ниту денес, ниту што ќе биде утре“.

Зборувајќи за втората песна „Андердог“, американската пејачка призна дека можела да заврши како некоја друга Афро-Американка од нејзиното подрачје во тоа време – како проститутка или наркоман.

„Андердог“ е песна од нејзиниот нов албум, на која работеше во соработка со Ед Ширан и во која испраќа поддршка до сите оние кои сонуваат за подобар живот.

– Јас сум личноста од песната, онаа што не требаше да успее да избега од крајот, која требаше да заврши како проститутка, млада мајка на 16 години или зависна од дрога. Јас сум тој што можеше да се најде на погрешно место во погрешно време и да биде повреден или убиен. Што е сон во секој случај? Сонот е луксуз, ако треба да ги платите сите тие сметки и да ставите храна на трпезата за вашите деца. Затоа, разбирам колку сила е потребна за да се оди по свој пат. Затоа моите песни им даваат сила на другите. Напишав многу во најлошите моменти од мојот живот – истакна Алиша и трогна многу луѓе ширум светот, особено жените.

Последниот албум на пејачката родена 1981 година го носи нејзиното име – „Алисија“, а тој ја врати на врвните листи со хитовите „Андердог“ и „Време на машината“.

Да се потсетиме, во март 2020 година, убавата Алиша ги објави своите мемоари под наслов „Повеќе себе: Патување“.

escort - Korsan taksi