Анастасија лудува со Ноле и Биковиќ – клубот “ГОРЕШЕ”! (ФОТО)

15 јуни, 20200
Annotation 2020-06-15 174626

Тоа што Цеца и Вељко се дома во карантин, не ја спречи пејачката да отиде на луда журка по повод завршувањето на турнирот Adria Tour!

Каков спој – Новак Џоковиќ, Милош Биковиќ, Анастасија Ражнатовиќ и многу други лудуваа заедно!

Adria Tour во Белград е успешно завршен во неделната вечер, а екипата со гостите прослави во еден клуб во Бетон халата.  

Меѓу гостите беа и Анастасија Ражнатовиќ и Милош Биковиќ со италијанскиот продуцент Андреа Иерволино!

Тука секако беа и тенисерите Филип Крајиновиќ, Душан Лајовиќ, Горан Иванишевиќ, Саша Зверев и Ненад Зимонјиќ. Сопругата на Ноле, Јелена Џоковиќ, глумицата Ангџела Јовановиќ, пееше Стеван Анѓелковиќ… Журката траеше до утринските часови!

Гостите на социјалната мрежа Instagram се пофалија со добрата забава, карневалските танчарки, играње на хитовите и со многу други “пикантерии”!

Анастасија пред десетина дена стана тетка, погледнете како изгледаше прославата!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *