12 јули, 2020

“The Chiffon Trenches”, бестселерот на André Leon Talley, соработникот на Anna Wintour, пружа “behind the scenesпоглед на интригите во модниот свет.

Дека Anna Wintour важела за страв и трепет, како и за моден авторитет, не е никаква новост, но како всушност изгледа да си нејзин близок соработник? Дали позади темните стакла на нејзините очила и лимузини, можеби се крие мила и драга личност, жртва на сликата којашто за неа ја изградија злобните јазици на конкурентските медиуми?

Мораме да признаеме дека не знаеме, но изгледа дека имаме причина плус да веруваме дека, сепак постои сличност помеѓу неа и ликот на Miranda Priestly, oд комеди – драмата “И Ѓаволот носи Прада” , за којшто се зборува дека токму Anna била главната инспирација.

Баш како таква, безобразна и ладна, ја опишува во своите мемоари André Leon Talley, еден од нејзините најблиски соработници и поранешен уредник на Vogue. Пред само неколку дена излезе долгоочекуваната книга на André Leon Talley, “The Chiffon Trenches”, кадешто до детал се опишани мачните сеќавања од блиската соработка со Anna Wintour.

Предавства, понижувања, па дури и расистички и хомофобни испади, се само дел од светот, кој Talley го прикажува во својот бестселер.

Додека не прочитаме не можеме да судиме, но со сигурност знаеме дека оваа книга се искачи на врвот на листата на модна литература.

Остави коментар

Почетна // Sun Story // André Leon Talley ги открива мрачните страни од соработката со Anna Wintour
Горе