Анџелина Џоли виновна за крајот на врската на Бред Пит со Никол Потуралски: Еве зошто одеднаш прекинал со германската убавица!

11 ноември, 2020
Brad-Pitt-Is-Dating-German-Model-Nicole-Poturalski-Amid-Angelina-Jolie-Divorce-02

Многумина се прашуваат зошто Бред Пит толку нагло раскина со германската убавица Никол Потуралски, а според последната теорија тоа го сторил заради неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли. Според National Enquirer, на Пит не му се допаѓало како Џоли ја критикувал неговата врска со двојно помладата манекенка и затоа решил дека е најдобро да се раздели од Потуралски.

Извор за наведениот таблоид тврди дека Пит не сака да и даде муниција на Џоли со која ќе го уништи неговиот имиџ на саканиот и грижлив татко на нивните деца на суд. И покрај напредокот што го постигнаа, Пит и Џоли сè уште се борат околу старателството над нивните пет малолетни деца, додека најстариот Медокс во меѓувреме стана полнолетен. Да потсетиме, неодамна имаше уште едно одложување на нивната постапка за развод, откако Џоли реши да се откаже од еден од адвокатите од правниот тим што ја претставува.

Претходно, извор изјави за Entertainment Tonight дека Пит бара 50/50% старателство над децата, а Џоли исто така сака да биде фер кога станува збор за старателството над нивните деца. Поради ова, Пит се чувствува уверен дека би можеле да постигнат договор и одлучи да стори сé за да спречи понатамошни конфликти со Анџелина дури и ако тоа значи дека мора да се откаже од својот љубовен живот.

Пред да се соочи повторно на суд, извор изјави за National Enquirer дека Пит е фокусиран на враќање на неговиот „имиџ на татко“ на вистинскиот пат и тоа е, наводно, една од причините што тој решил дека е најдобро за него и за Путуралски да ја прекинат врската.

escort - Korsan taksi