Анџелина го понижува Бред: „Тој не беше мојот најдобар сопруг“

29 декември, 2020
брд

Разводот на некогаш најубавата холивудска двојка, 57-годишниот Бред Пит и 12-годишната помлада Анџелина Џоли, не помина без проблеми и во пријателски тон, како и повеќето разводи на „обичните смртници“.

Оскаровецот оттогаш многу ретко ги гледа своите деца, а судската битка околу старателството над 19-годишниот Медокс, 16-годишниот Пакс, 15-годишниот Захар, 14-годишната Шајло и 12-годишните близнаци Нокс и Вивиен се уште трае. Анџелина нема убави зборови за Бред од раскинувањето и со нејзината последна искрена изјава го понижи до крај.

Brad Pitt

Долго пред Анџелина да стане госпоѓа Пит, таа беше во прв брак со британскиот актер Џони Ли Милер, кого го запозна во 1995 година на снимањето на филмот „Хакери“.

Тие започнаа да се забавуваат само шест месеци по завршувањето на снимањето и нивната врска започна да биде бурна. Веќе следната година тие се венчаа пред мала група на пријатели и мајката на Анџелина. За разлика од големата венчавка за Бред што се одржа во замок на југот на Франција, актерката не се омажи за Џони во венчаница, туку во црни панталони од латекс и бела маица, на која го напиша „Џони“ во сопствената крв.

escort - Korsan taksi