Арапскиот милијардер е минато! Ријана за прв пат во јавноста со новото момче

1 декември, 2020
profimedia-0572754560-830x0

– Секогаш мислеше дека Ријана е кул и убава, но не сакаше да ја премине границата бидејќи се многу блиски пријатели – изјави извор близок на Асап Роки

Американската пејачка Ријана (32) и раперот Асап Роки (32) беа фотографирани заедно во Њу Јорк, што ги потврди приказните дека се во емотивна врска веќе една година.

Сопственичката на хитот „Umbrella“ и раперот се фотографирани во ресторанот „Beatrice Inn“ со пријателите, потврди извор во понеделникот.

Двојката седеше на маса и вечераше, а гласините дека се во врска започнаа во декември 2019 година, кога заедно позираа на „Fashion Awards“ во Royal Albert Hall во Лондон. Подоцна, тие заедно ја прославија Новата година во Њу Јорк.

Таа ја прекина врската со арапскиот милијардер Хасан Џемил во јануари 2020 година по 3 години врска, а веднаш после тоа, во февруари, започнаа да кружат гласини дека таа „флертува“ со Асап Роки веднаш штом раскина со саудискиот бизнисмен.

– Тој секогаш мислеше дека Ријана е кул и убава, но не сакаше да ја премине границата бидејќи се многу блиски пријатели – изјавил извор близок на раперот во тоа време.

Роки беше поврзан со Кендал Џенер пред Ријана и тие наводно биле во врска помеѓу 2016 и 2017 година, додека Ријана се забавувала со Крис Браун и раперот Дрејк пред него.