Ариана Гранде обвинета за нефер игра!

21 мај, 2020
ариана

Раперот познат под уметничкото име 6ix9ine тврди дека правел истражување за тоа како Аријана Гранде и Џастин Бибер успеале да се искачат на првото место на топ листата на Билборд. И вели дека има докази дека некој платил за нивното прво место.

Според раперот, неговата песна ‘Goober’ требала да го заземе првото место, но на чуден начин дури 30 милиони прегледи на песната не биле вклучени во калкулациите.

Исто така раперот тврди дека има доказ дека биле употребени 6 кредитни картички за да се купат 30 000 копии од песната на Аријана и Џастин ‘Stuck With U’ во последен момент и со тоа тие избиле на врвот.

Ова се сериозни обвинувања, но се чини дека раперот има докази. Или пак, се работи само за чиста љубомора.