Баба (80) се омажи за својот љубовник од Египет (35): „Не ги сакам нејзините пари, ја сакам само неа“!

9 ноември, 2020
124053192-3651707898224700-1942304284325599295-o_VhB1frp

Пензионираната Ајрис Џонс (80), која ја шокираше јавноста споделувајќи експлицитни детали за нејзиниот сексуален живот со нејзиниот египетски љубовник, неодамна се омажи за истиот.

Мохамед Ахмед Ибрихам (35) ја собори британската баба Ирис Џонс (80) од Сомерсет од нозе кога се запознаа на Фејсбук минатата година, а таа отпатува во Египет за да биде со него. Двојката ги шокираше водителките Холи Вилоуби и Филип Шофилд на почетокот на оваа година откако признаа дека нивниот прв секс потрошил цела туба лубрикант и бил придружен со болка во карлицата.

Двојката сега е официјално во брак, а Мохамед откри: „Не сакам државјанство или пари, вака ми е пријатно и работам, и фала му на Бога, имам свои пари“. Се верува дека венчавката се случила во Египет и дека Ајрис преминала во ислам. Таа најпрво започна разговор со Мохамед, кој е роден во Каиро, минатото лето кога истражуваше атеизам на една група на Фејсбук.

Тој првично ѝ изјави љубов преку социјалните мрежи, а потоа рече дека неговите чувства биле потврдени кога за првпат ја видел Ирис на аеродромот во Каиро во ноември минатата година.

– Бев многу нервозен, но во моментот кога ја видов, знаев дека тоа е вистинска љубов. Јас сум многу среќен човек што најдов ваква жена – рече тој. Мохамед претходно работел како инспектор за заварување, но се откажал од работата за да помине време со Ирис кога таа дошла во Каиро.

Живее во трособна куќа со неговите родители, две сестри и брат кои се сите помлади од него, но тој секогаш жестоко негирал дека е со Ајрис, заради нејзините пари или британското државјанство. Ајрис, поранешна чистачка, живее во куќа вредна 220.000 фунти и заработува додаток за пензија и инвалидност од 200 фунти неделно.

– Не ме интересира каде живееме или колку е богата или сиромашна, само сакам да бидам со Ајрис. Знам дека Британија е прекрасна земја и многу луѓе сакаат да одат таму, но не ми пречи. Подготвен сум да живеам со неа на кое било место во Светот – објасни Мохамед.

Мухамед откри дека за време на нејзината посета на Египет, Ирис ја однел дома на вечера, каде што поминала време со неговата мајка.

– Мајка ми многу ја засака Ирис и добро се согласуваа иако имаше јазични проблеми. Но, мајка ми ми рече дека ако сум среќен, тогаш и таа е среќна. Тоа е сè што секоја мајка сака; нејзиниот син да биде со жената што тој навистина ја сака, тврди тој.

Ирис се разведе од поранешниот сопруг пред повеќе од 40 години и успеа да заштеди пари и да се врати во Египет за да се омажи за Мохамед кој е од Гиза. Врската на двојката го привлече вниманието на јавноста на почетокот на оваа година кога Ајрис зборуваше во емисијата This Morning на ITV за големата разлика во возраста помеѓу неа и нејзиниот партнер, а исто така откри и детали од нејзиниот сексуален живот.

Холи Вилоуби и Филип Шофилд не беа подготвени колку ќе биде отворена и веднаш почнаа да се смеат кога бабата започна да зборува за нејзините сексуални авантури.

– Првата вечер беше прилично тешка. Никој не е во моја близина добри 35 години… Мислев дека повторно сум девица! таа рече додека Фил, 57, ја држеше главата во неговите раце, а Ајрис продолжи: „Може ли да ти кажам што користевме? Цело пакување на лубрикант“.

Водителката Холи, 38, не можеше да се контролира и почна да се смее додека Ајрис продолжи: „Работата е во тоа што не можев да одам следниот ден… Се чувствував како да јавам коњ! Имав болки во карлицата. Но, како и да е, го надминавме тоа“.

На почетокот на оваа година, Мохамед истакна дека, иако луѓето можат да бидат скептични во врска со нивната врска, неговата љубов кон Ирис е вистинска.

– Веројатно на сите им изгледа малку чудно да имате жена која е 20 години постара од вашата мајка, но тоа е љубов. Ве прави слепи. Кога сте маж и ќе се заљубите во жена, не е важно колку години има или како изгледа – заклучи тој, пишува Daily Mail.

escort - Korsan taksi