Бела Торн прослави милион прегледи на новата песна со жешки фотографии во долна облека (ФОТО)

11 декември, 2020
profimedia-0455130445-830x0

Актерката неодамна објави нов сингл, а се чини дека во музичката кариера се снаоѓа исто толку добро како и во глумата

Американската актерка Бела Торн (23) на својот Instagram профил објави нови секси фотографии и исто така се пофали со успехот што го постигна по објавувањето на синглот „Stupid Fu*king Bi*ch“.

Имено, 23-годишната актерка позираше во светло розова сатенска долна облека додека клечеше на подот, па ја зголеми температурата кај многу мажи.

По тој повод, таа ја истакна својата извајана фигура, а обожавателите особено го коментираа нејзиниот затегнат стомак и поголемиот задник, за кој сонуваат мажите ширум Светот.

На рацете имаше бели ракавици, додека својата бујна црвена коса ја извитка во локни, па напиша:

– Песната достигна милион прегледи за три дена, ви благодарам за љубовта – напиша таа под објавата со повеќе од милион лајкови.

Во последно време, Бела работи подеднакво на нејзината музичка и филмска кариера. Нејзините два нови филма излегоа минатиот месец, а актерката неодамна се пресели во Рим каде живее со своето момче Бенџамин Маскол (27) во кого е лудо вљубена.

Таа неодамна отвори профил на платформата „Only Fans“, каде објавува голи фотографии, па напиша:

– Ја спуштив цената на профилот „Only Fans “ на само 7 долари. Не можам да верувам дека сега е само 7 долари – напишала Бела.

Бела неодамна стана првата личност која заработи милион долари на платформата „Only Fans“, додека заработи 2 милиони долари во првите недели кога го отвори профилот, а дел од парите веднаш ги проследи во добротворни цели.