Бен Афлек после неколку месеци врска ја запросил девојката на бизарен начин?

12 јули, 20200
Annotation 2020-07-12 133949

Прстенот не е доволен

Двајцата познати актери, Бен Афлек и Ана де Армас, не губат време. Љубовната врска која брзо напредува, во почетокот на јуни беше обележана со романтични патувања во Куба и Порторико. Но, дали платеното сместување станало здодевно за нив, па затоа планираат да купат свој приватен остров каде слободно ќе разменуваат страсти во приватноста?

Бен Афлек, наводно, планира да и купи на својата девојка приватен остров, пишува Gossip Cop. Наместо да ја запроси и да ја расположи со скап прстен, како што прават сите „смртници“, тој реши да потроши поголема сума пари на подарок. Романтичните патувања ги поттикнале да го превземат „следниот чекор“ во нивната врска, која трае само неколку месеци.

Ben Affleck
Остров наместо прстен

Тие не ја кријат својата љубов во јавноста, но сè уште нема информации за веридба или преземање на посериозни чекори. Гласини за дарежливоста на Бен се шират со сомневање дека актерот е подготвен да се сврши со својата девојка, но со остров наместо вообичаениот прстен.

Да се ​​купи остров не е сè што актерот планира да го направи за својата љубов. Тие исто така ќе изградат голема куќа на островот само за нив двајцата, која ќе биде украсена со најскапиот ентериер по вкус на актерката де Армас.

View this post on Instagram

Afternoon walk 🐾♥️

A post shared by A N A D E A R M A S (@ana_d_armas) on

Налутена поранешната спруга

Пред сегашната врска, Афлек беше во брак со актерката Џенифер Гарнер цели 13 години. Со појавата на гласините таа наводно била ужасно несреќна поради новата врска на поранешниот сопруг, но таа го негираше тоа и кажа дека е среќна за нив, и дека ниту очекувала, ниту сака ништо повеќе од таткото на нејзините три деца.

После разводот пред две години, тој беше со Линдзи Шукус, продуцент во Њу Јорк, но нивната врска не беше ни малку близу до сериозна, а потоа имаше и кратка афера со зајачицата на Плејбој, Шауна Секстон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi