Биолошката ќерка на Анџелина и Бред побегна од мајка ѝ!

12 јуни, 2020
рхтхт

Според најновите написи во американските таблоиди, биолошката ќерка на актерите Анџелина Џоли и Бред Пит се предомисли со кого сака да живее. Според „Entertain Times“, Шилох Џоли Пит, наводно, сака да живее со својот татко ова лето – па дури и трајно.

Наводно, 14-годишното девојче и нејзиниот татко се согласуваат одлично, а Шилох сака да помине што е можно повеќе време со него. Во исто време, Анџелина планира летно патување во Европа за децата за кои, според правилата за старателство пропишани од судот по разводот, треба да побара одобрување од таткото. Според магазинот „Globe“, на Бред не му се допаднала идејата па побарал малолетните деца останат во САД со него.

Ова не е првпат Шилох да сака да остане со својот татко. Според локалните таблоиди, Шилох исто така отишла кај нејзиниот татко минатата година, што било толкувано дека не сакала да е со нејзината мајка. ‘Анџелина е многу строга мајка и Шилон не сака авторитет. Како тинејџерка, целата ситуација дома е премногу за неа и таа сака да се ослободи од мајка си “, тврди извор за споменатиот портал. ‘Уморна е постојано да ја потсетува Анџелина дека мора да се грижи за себе и да јаде. Таа е премногу млада за да се грижи за сето тоа “, заклучи тој. Да потсетиме, Шилох Џоли-Пит е родена на 27.05.2006 година во градот Свакомунд во Намибија. Таа има постара сестра, Захара Марли Џоли-Пит и постарите браќа Мадокс и Пакс, како и Вивиен и Нокс, помлада сестра и брат кои се близнаци.