Бившиот пар Бред и Ангелина конечно пронајдоа заеднички јазик

30 мај, 20200
imageedit_22_5002691660

Тешката правна битка за старателство измеѓу нив, која трае веќе 4 години, конечно добива свој крај.

Темата развод, поделба на имотот, финансиски грижи, како и времето што сакаат да го поминат со нивните 6 деца се причината што тие го свртеа грбот еден на друг.

Веќе 4 години бившите сопружници Џоли и Пит ги полнат таблоидите со нивните разводни проблеми. Сѐ досега тие не можеа да се согласат околу старателството над нивните 6 деца.

Сепак, на нивната битка и доаѓа крај, со оглед на тоа што глумците успеале да се договорат за одредени точки од судскиот процес, тврди добро упатен извор за американските таблоиди. Изворот вели за Бред: „Неговите деца се сега на прво место. Тие му се најбитни, и постојано им вели на неговите пријатели како тие му се најголемите учители. Тој и Ангелина се во многу подобри односи сега, откако поставија правила околу старателството и се држат до нив, тие се смирени.“

Ова највеќе ја радува нивната ќерка Шајло, која за неколку дена ќе го прослави својот 14-ти роденден.

„Шајло отсекогаш била блиска со родителите. Затоа посебно ја радува овој мир помеѓу нив, и едвај чека да дојде нејзиниот веќе испланиран роденден. Бред е многу горд на неа, и сѐ што таа постигнала досега. Мило му е што таа останала своја, и има добри односи со своите браќа и сестри, без разлика на разводот на нејзините родители“, вели изворот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi