Бизарните обвинувања прродолжуваат: Деп уринирал на ѕидот на поранешната?

16 јули, 20200
Annotation 2020-07-16 122057

Sвездата од „Пиратите од Карибите“ го тужеше британскиот таблоид „The Sun“ затоа што го нарекле „насилник кој претепа жена“. Деп се појави како сведок на суд, а расправијата со поранешната трае со денови.

Откако бракот меѓу парот заврши бурнои со многу „валкани алишта“, сагата веќе некое време се продолжува низ судовите. Актерката Амбер Херд (34) го обвини актерот за насилство, а Џони Деп (57) ја обвини дека сака само да земе пари од него со лаги и измислици.

76th Venice Film Festival

Како доказ за сопственото сведоштво, Амбер во неколку наврати се повикуваше на фотографирани повреди и извештаи што ги направи против холивудската sвезда, а неколку снимки од лудилото на Деп беа прикажани на суд. Ѕвездата на филмовите „Пиратите од Карибите“ го тужеше британскиот таблоид „ The Sun“ затоа што го нарекле „насилник кој претепа жена“. Тој со денови ја кажува својата страна на приказната на суд, а неговиот правен тим сака да ја прикаже актерката како манипулатор и силеџија.

Расправијата во судот оди дотаму што адвокатите на Деп објавија дека Херд извршила голема нужда во кревет како би му напакостила на Деп, а нејзиниот тим рекол дека актерот уринирал на sидовите и го напишал нејзиното име.

The Rum Diary premiere - London

Херд се разведе од Џони по една година брак и петгодишна врска. Таа поднесе барање за развод во мај 2016 година и веднаш доби и привремена судска заштита од Деп. Како причина за петицијата за развод, актерката ги наведе „непомирливите разлики“ и насилството, рече таа, кулминирало кога Џони бил под дејство на алкохол и дрога. Таа тврди дека ја удрирал, а во една прилика ја удрил во лицето со мобилен телефон и и нанел видливи повреди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi