„Black is King“ – Еве зошто новиот албум на Бијонсе е повеќе од музика

2 август, 20200
bijonse-11-725x405

Кога Бијонсе минатата година го позајми гласот на Нали, хероина во римејкот на Дизни на култниот филм „The Lion King“, таа одлучи да излезле надвор од утврдениот шаблон со кој дотогаш  Холивуд, може да се каже, многу стереотипно ја прикажуваше Африка и тамошната култура па обезбеди еден целосно различен поглед на легендарната бајка за деца. Една година подоцна, здружувајќи се со неколку продуценти, и користејќи одредени мелодии од филмот, Бијонсе направи свој филм и сподели уште еден многу успешен визуелен албум со фановите.

Филмскиот албум, инспириран од животните лекции што ги научивме од „The Lion King“, доаѓа само два месеци по масовните антирасистички протести што ги потресе сите педесет американски држави. По бруталната смрт на Џорџ Флојд, таа одлучи да ја прошири својата идеја и да се фокусира на различноста што ја носи африканската култура, на која е горда.

Ова најдобро се прикажува во мешавината на звукот на модерниот трап, хип-хоп, RnB, но и африканската мелодија и модните комбинации што изобилуваат во овој визуелен, филмски албум.

Филмот е снимен во Велика Британија, САД и неколку земји во Јужна и Западна Африка. Бијонсе на тоа ангажираше локални африкански уметници, а филмот го опиша како „синоним за љубовта и свој омилен проект, кој го работеше дење и ноќе“.

„Настаните од 2020 година ја направија идејата за филмот уште порелевантна, затоа што луѓето ширум светот тргнуваат на историско патување. Сите бараме безбедност и светлина. Многумина од нас сакаат промена. Верувам дека кога црнците ќе ги раскажат своите приказни, можеме да го промениме светот и да ја раскажеме нашата вистинска приказна за богатството на генерациите и богатството на душата. Во овој визуелен албум, сакав да ја претставам историјата и традицијата на Африка“, рече Бијонсе.

Во спотот се заменуваат снимките од филмот „Кралот на лавот“ со танчерски сцени, снимки од црни семејства ширум светот и секвенци во кои Бијонсе зборува за нејзиното генерациско духовно патување. Покрај Бијонсе, во естетиката придонесоа и режисерите Емануел Адјеи, Блиц Базавул, Пјер Дебушер, Ибра Аке, Дикајл Римаш, Џејк Нава и Кваси Фордјур.

Луѓето кои работеа на уредување на видеата не ни дозволија да ја гледаме Бијонсе во истата сцена повеќе од пет секунди. Целиот албум, или филм, се базира на идејата за антички африкански племиња спроведени во видеа полни со хаос, дивина и поп култура

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi