Блејк објави фотографија од гласањето, но вниманието го украдоа нејзините стапала

24 октомври, 2020
pjimage-9


Sвездата на „Gossip Girl“, Блејк Лајвли (33) на социјалните мрежи објави дека нејзиниот сопруг, актерот Рајан Рејнолдс (44), за прв пат гласал во САД.


– Тој беше разбирливо исплашен. Сè се случи толку брзо. Многу брзо. Тој плачеше. Јас се преправав дека плачам. Потоа ги повика сите свои пријатели – напиша Блејк покрај фотографијата и истакна како гласале порано.

Но, нивната граѓанска должност и поттикнувањето на нивните следбеници да одат на гласање „паднаа“ во втор план. Најголемо внимание привлекоа нозете на Блејк Лајвли. Имено, таа беше боса, па ги нацрта чевлите. – Погледни ги нејзините нозе. Ги нацрта потпетиците. Ја сакам многу – пишува во коментарите под фотографијата што ја објави славната актерка.

И Рајан ги контактираше своите следбеници по изборите. Тој објави слична фотографија со неговата сопруга, но неизменета за да може да се види Блејк како позира боса

Првпат гласам во Америка. Сакам да и се заблагодарам на мојата сопруга Блејк што беше нежна и направи да се чувствувам сакан. На почетокот беше навистина страшно, потоа возбудливо и сега сум малку уморен. Но горд – напиша Рајан. Поради неговата објава, следбениците на парот добија потврда дека Блејк е навистина вешта во уредување фотографии и дека навистина ги нацртала чевлите на заедничката фотографија.

escort - Korsan taksi