Бразилската манекенка со сопругот купи имот на најскапиот американски остров, а нејзини соседи ќе бидат Иванка Трамп и Џеред Кушнер!

11 декември, 2020
h_15519532_1024


Жизел Биндшен и сопругот Том Бреди ќе бидат новите соседи на Џеред Кушнер и Иванка Трамп на островот Индијан Крик во Мајами. И двата парови неодамна купија куќа таму, а ексклузивната локација се нарекува и „бункер на милијардери“.

Двојката, која моментално изнајми пространа палата во Јетерсвил во Тампа, го купи имотот за повеќе од 17 милиони долари. Тие пари, всушност, се наменети само за земјиштето, имајќи во предвид дека имаат намера да ја срушат сегашната куќа на имотот и да изградат нова. Нивниот дом од соништата ќе биде замок сличен на оној што го имаа во Брентвуд, Калифорнија. Куќата е објавена во Architectural Digest, и тие му ја продадоа на раперот др. Дру.


Бреди неодамна беше виден како пловеше на островот со својата 40-метарска јахта Viva la Vida за да го обиколи имотот. Ова не е прва посета на парот на островот. Нивните блиски пријатели, супер моделот Адријана Лима, како и милијардерот Џеф Соффер, и двајцата веќе живеат на локацијата, иако се шушкаше дека ангелот на Victoria Secret има намера да го продаде нејзиниот имот.

Меѓу другите богати жители на ексклузивната енклава се вбројуваат Јулија Иглесијас, Еди Ламперт и милијардерот Карл Икан. Сепак, дефинитивно најмногу прашина се крена со доаѓањето на нови соседи, поранешните членови на администрацијата на претседателот, ќерката и зетот на Трамп.

Кушнер и Трамп потрошија 31 милион долари на земјиште во Индијан Крик, каде има 13 постојани полицајци и неколку маринци, што предизвика локални озборувања за кое училиште би можеле да учат нивните три деца.


Од друга страна, бразилската убавица и нејзиниот сопруг не се грижат толку за безбедноста, колку за екологијата, па сакаат да изградат куќа целосно во хармонија со природата. Тие наводно се грижат за сите најмали детали за да бидат добри за околината. Ова не е изненадувачки со оглед на долгогодишната активност на Биндшен на ова поле. Некои извори изјавија дека и двајцата се страсни љубители на дизајнот и сакаат да градат од темел, па многумина се прашуваат како ќе ги соединат љубовта кон природата и луксузот.

Пазарот на недвижнини во Мајами моментално цвета. Сите богати луѓе од сите страни на САД се селат таму. Њујорк стана депресивен град и никој повеќе не сака да биде таму. Во случајот на Трамп и Кушнер, немаше премногу избор, со оглед на тоа што тие веќе не се ни добредојдени во елитното друштво на Големото јаболко. Откако Голдман Сакс објави дека ќе го пресели своето седиште во Флорида, цените се зголемија и интересот се зголеми, а голем број директори на Силицијската долина исто така купуваат недвижнини таму.