Бред Пит победи во важната битка против Анџелина

6 октомври, 2020
Angelina-Jolie-i-Brad-Pitt-na-Golden-Globesu

Го запре нејзиниот „напад“

Поранешните сопружници, 45-годишната Анџелина Џоли и 56-годишниот Бред Пит, за неколку дена ќе ја продолжат битката на суд околу старателството над нивните шест деца, но добитникот на Оскар оствари значајна победа што ќе му донесе предност во понатамошните борби, пренесува entertaintimes.com. Имено, минатиот месец Анџелина побара дисквалификација на судијата кој го води нивниот случај затоа што, според нејзиното мислење, има професионални и деловни врски со правниот тим на нејзиниот поранешен сопруг. Сепак, тоа барање сега е одбиено. Судијата Џон В. Удеркирк, кој патем условмо кажано го венчаше парот во 2014 година во Франција, останува да го води судскиот процес, давајќи му на Бред многу поголема шанса да добие еднакво старателство над децата, како што се надева.

Анџелина, пак, би сакала да има целосно старателство над децата, 19-годишниот Медокс, 16-годишниот Пакс, 15-годишната Захара, 14-годишната Шајло и 12-годишните близнаци Нокс и Вивиен. Таа, наводно, би се согласила на поделбата на старателството само доколку Бред и дозволи трајно да се пресели со нејзините деца во Англија, поточно Лондон, а тој воопшто не се согласува со тоа бидејќи сака неговите деца да бидат близу до него, во Лос Анџелес каде што живее. Се подразбира дека ѕвездата на „Maleficient“ на Дизни не го сака престојот на споменатиот судија бидејќи смета дека може да биде пристрасен кон Бред.

Да потсетиме, Бред се вљуби во Анџелина во 2005 година снимајќи го со неа филмот „Mr. and Mrs. Smith“ и ја остави неговата тогашна сопруга, 51-годишната актерка Џенифер Анистон. По деветгодишна врска, добитникот на Оскар се ожени за Анџелина, а само две години подоцна таа поднесе барање за развод. Капката што ја прелеа нејзината чаша беше, наводно, жестоката пијана тепачка на Бред со неговиот најстар син Медокс за време на лет со приватен авион. Денес Анџелина е сеуште соло, додека Бред неодамна најде нова девојка, 29-години помлада германска манекенка Никол Потуралски.

escort - Korsan taksi