Бред Пит се прости во болка

25 јули, 20200
Annotation 2020-07-25 155416

Трагедија која го шокираше

Ценетиот уметник-фотограф и пријател на 56-годишната холивудска легенда Бред Пит, Саул Флечер, е пронајден мртов во Берлин во својата 52ра година од животот, а засега се чини дека извршил самоубиство откако ја убил мајката на својата ќерка, известува Daily Mail. Ќерката наводно викнала полиција откако татко и и признал дека ја убил нејзината 53-годишна мајка, а после тој разговор Саул побегнал со автомобилот пред да стаса полицијата.

Brad Pitt

Во неговиот стан полицијата пронашла безживотно женско тело кое имало повеќе убодни рани на него. Саул бил пронајден мртов следниот ден на градинарската парцела што ја поседувал недалеку од неговата куќа. Сè уште не се познати детали, што го натерало да го стори овој грозен чин, а портпаролот на Бред Пит сè уште не коментирал за сè. Потсетуваме, фотографот живееше и работеше во Берлин повеќе од две децении, а со Бред Пит последен пат беше виден јавно минатата година на уметничката изложба Venice Biennale. Тој беше ценет низ целиот свет за неговиот темен колаж на фотографии и фундаменталните мултимедијални дела.

„Јас користам сè што можам за да создадам нешто ново, се обидувам да направам нешто добро од нешто лошо“, рече Саул за Financial Times. Тој ги изложува своите уметнички дела во престижни галерии како што се лондонскиот двор, Атланта Центар за современа уметност, Музејот на уметноста Хесел во Анандале-на-Хадсон, Музејот на Роуз Арт на универзитетот Брандеис, МУМОК во Виена, Тејт Модерн во Лондон, Музејот на уметноста Карнеги во Питсбург …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *