Бредли Купер со НОВАТА девојка: Овие фотографии ја уништија Ирина Шајк!

10 август, 20200
225545_profimedia0483586467_ls

Ирина Шајк и Бредли Купер беа еден од омилените парови на јавноста. Сепак, убавата манекенка не можеше да го издржи тоа што медиумите го повруваа нејзиниот партнер со бројни жени. Врската со Лејди Гага, која никогаш не беше потврдена, беше капка која ја прели чашата. Ирина и Бредли раскинаа со договор дека нема да се појават во јавноста со својот нов партнер најмалку шест месеци по разделбата. Сепак, новата девојка на Бредли Купер ја „скрши“ Ирина.

Холивудскиот заводник, Бредли Купер е магнет за убави жени, а по раскинувањето со Ирина, јавноста го поврза со Лејди Гага и неговата колешката Кејти Холмс. Бредли има пријателски однос и со двете, меѓутоа, новите фотографии од папараците откриваат дека познатата холивудска актерка би можела да биде новата девојка на Бредли Купер.

Актерката Џенифер Гарнер пред само неколку дена објави дека ја прекина својата долгогодишна врска со адвокатот Џон Милер. И тогаш настана целосен шок. Само еден ден по раскинувањето, убавата актерка беше фотографирана на плажа со Бредли Купер, кој не ја симнуваше широка насмевка од лицето.

И покрај тоа што при објавувањето на раскинувањето кажала дека ѝ е преку глава од врски и дека дојде периодот во кој сака да биде сама, актерката уживаше во друштвото на нејзиниот омилен холивудски актер и неговата ќерка Ли која ја има од врската со Ирина Шајк. Актерката има и деца од бракот со Бен Афлек, имено Вајолет (14), Серафина Роуз Елизабет (11) и Семјуел (8).

Џенифер Гарнер и Бредли Купер се долгогодишни колеги и пријатели, а медиумите секогаш шепотеа дека постои искра меѓу нив која никогаш не умрела. Сега кога и двајцата се слободни, можеби се родила љубовта и можеби таа е новата девојка на Бредли Купер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *