Бритни ја доби првата судска битка во намерата да се спаси од „заробеништвото“ на татко и

16 октомври, 2020
f_8002781_1024


Бритни Спирс извојува мала победа во борбата да се ослободи од старателството на нејзиниот татко, или „заробеништво“, како што велат нејзините обожаватели кои го започнаа движењето Слободна Бритни, бидејќи судот и дозволи да го прошири својот адвокатски тим. Имено, поп принцезата, која со години има проблеми со менталната стабилност, одлучи да ја ангажира адвокатската канцеларија Loeb & Loeb за да го замени нејзиниот татко Џејми во старателството и да и ги довери своите пари на независната компанија Bessemer Trust.

image


Тој тврди дека огромните правни трошоци го топат богатството на sвездата проценето на 57 милиони долари и дека се непотребни. Имено, часовната стапка за таа адвокатска канцеларија е 945 американски долари, а бидејќи Спирс веќе не настапува воопшто и изгледа дека не и паѓа на памет да го стори тоа, Џејми изјави дека овој скап ангажман не е во интерес на неговата ќерка.

image


Како и да е, судот имаше поинакво мислење и овојпат застана на страната на Бритни Спирс и ја призна позицијата на нејзиниот адвокат Самуел Ингам, кој судот и го додели, кој тврди дека тоа е единствениот начин да се слушне гласот на неговиот клиент. барем нешто рамно на нејзиниот татко Џејми.

image