Бритни Спирс го моли судијата да го ослободи нејзиниот татко, кој 12 години го контролира нејзиниот живот!

6 ноември, 2020
бритни

Американската пејачка Бритни Спирс (38) штотуку направи важен чекор во правната битка во врска со старателството над неа, со која во моментов управува нејзиниот татко Џејми Спирс (68).

Оваа желба, доколку биде одобрена, ќе го отстрани Џејмс Спирс од позицијата старател што ја извршуваше од 2008 година, освен во периодот кога привремено ја напушти функцијата поради лошата здравствена состојба во 2019 година.

Овој последен правен потег беше поттикнат од поранешната компанија за управување со имот, недвижнини и пари на Британ „Тристар Спортс и ентертејмент“, која поднесе оставка без претходно известување, а адвокатот на Бртини , Самуел Ингам, го дозна преку писмо на 28 октомври оваа година.

Таткото на Бритни го избра Мајкл Кејн (кој работеше за Мајкл Џексон) да го пополни тоа место на 1 ноември без претходно интервју или разгледување на алтернатива – изјави адвокатот на Бритни.

Џејми го одобри новиот старател на Бритни, Доверливата компанија Бесемер, се вели во документите.

Адвокатот на Бритни оцени дека ова е обид на Џејми да одржи целосна контрола врз имотот, книгите и записите на Бритни, и покрај приговорите на Бритни.

Ингам сега сака Џејми во име на Бритни да биде суспендиран од улогата на старател веднаш по назначувањето на „Bessemer Trust“ и оваа компанија да остане нејзин единствен чувар.

escort - Korsan taksi