Бритни Спирс и Backstreet Boyѕ објавија заедничка песна: „Го чекавме ова 20 години“

12 декември, 2020
Screenshot_2

Backstreet Boyѕ повторно се обединија и снимија песна заедно со Бритни Спирс под името „Matches“.

Поп принцезата Бритни Спирс и најпопуларниот boy-bend од 90-тите години на минатиот век, Backstreet Boyѕ, ја изненадија публиката со нова соработка.

Ник Картер, Хови Делув, Брајан Литрел, Еј Меклин и Кевин Ричардсон повторно се обединија за да ја снимат песната „Matches“ со пејачката, што ја објавија во четвртокот, 10 декември.

„Ова е прекрасен ден. 20 години чекавме на ваква соработка и денес е денот!” пишува во објавата на Instagram на boy-bend со која ја најавија песната.

„Многу сум возбудена и едвај чекам да чујам што мислите за нашата заедничка песна“, напиша Бритни на својот Instagram, а објавите предизвикаа воодушевување од милиони фанови кои не се надеваа на таа соработка.

На почетокот на овој месец, Бритни ги изненади обожавателите со новата песна „Swimming in the Stars“, која ја сними во 2016 година, но ја објави дури на 2 декември годинава, на нејзиниот 39-ти роденден. Оваа, како и песната со Backstreet Boyѕ, се вклучени во луксузното реиздание на албумот на Бритни од 2016 година „Glory“.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris